петок, 8 ноември 2024

Македонските и бугарските историчари уште расправаат за Делчев, за МПЦ, за Илинден…

Македонските и бугарските историчари, членови на Заедничката комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија последните неколку средби ги усогласуваат отворените прашања за МПЦ-Охридска архиепископија, за Гоце Делчев, за Илинденското востание... Денес и утре, без официјални информации за средбата, во Скопје се одржува уште една таква средба.

Објавено на

часот

Сподели

Посладната таква тајна средба беше одржана кон крајот на октомври во Софија.

Оваа комисија е основана во 2017 година и се усогласени препораките за заедничко одбележување на Св. Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и цар Самоил, како и пет препораки за учебниците по историја за петти клас во Бугарија и за шесто одделение во Македонија што се однесуваат на периодот на антиката.

Во септември годинава бугарксото МНР препорача воздржаност од коментари и соопштенија поврзани со работата на комисијата за историски и образовни прашања. Неодмана комисијата доби и секретаријат составен од асистенти и историчари што треба да ѝ помагаат во нејзината работа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ