среда, 20 ноември 2024

Македонската фирма Сајтрокс АД ставена на црната листа како шпионска закана за САД

Објавено на

часот

Сподели

Овие компании биле додадени на листата на ентитети врз основа на утврдување дека се занимаваат со трговија со сајберексплоатации за да добијат пристап до информациски системи, доведувајќи ја во ризик приватноста и безбедноста на поединци и организации ширум светот, пренесува Гласот на Америка.

„Пролиферацијата на комерцијален шпионски софтвер носи посебни и растечки контраразузнавачки и безбедносни ризици за САД, вклучително и за безбедноста на персоналот на американската влада и нивните семејства“, се вели во соопштението од Стејт департментот.

Во него се додава дека „злоупотребата на овие алатки на глобално ниво, исто така, ја олеснува репресијата и овозможува кршење на човековите права, вклучително и заплашување на политичките противници и ограничување на несогласувањето, ограничување на слободата на изразување и следење и таргетирање на активисти и новинари“.

Стејт департментот посочи дека денешната акција е дел од напорите да се спротивстави на ризиците од комерцијалниот шпионски софтвер.

Додавањето на овие ентитети се надоврзува на минатите списоци на американската влада на комерцијални компании за шпионски софтвер.

„Заедно, овие активности ја демонстрираат континуираната посветеност и лидерството на САД во борбата против злоупотребата на комерцијален шпионски софтвер и друга технологија за надзор“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ