Ова достигнување на Амиџовски е огромно ако се знае дека рекордот на 100 метри со пречки до 18 години го држеше Сели Пирсон које е олимписка шампионка.
16-годишната Амиџовски со време од 13,02 го урна рекордот кој Пирсон го постави пред 20 години, времето на стариот рекорд беше 13.14.
„Не можам да поверувам. Ќе заплачев на финишот, ова е голем благослов. Работите напорно и гледате дека тоа се исплати. Чувството е неверојатно. Сали отсекогаш беше мојот идол. Таа е најдобрата австралиска атлетичарка во трки со пречки на сите времиња, па уривање на нејзин рекорд е остварување на сонот за секој атлетичар“, изјави Делта Амиџовски по трката.
13.02. ?? Yep, you read that right!
Delta Amidzovski has done the unimaginable, breaking Olympic legend @sallypearson‘s Australian Under 18 100m Hurdles record by 0.12 at @ChemistWhouse Australian Junior Athletics Championships. WHAT A STAR!⭐#ThisIsAthletics #VisitBrisbane pic.twitter.com/UTVmtmoF47
— Athletics Australia (@AthsAust) April 16, 2023