петок, 29 ноември 2024

Македонија во Торшавн стартува нова сезона од Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска од 15 часот во Торшавн против Фарски острови ја почнува новата сезона од Лигата на нации, амбициите се првото место во групата, а реалноста ќе ја видиме на терен.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија е во лигата Ц, а во нашата група покрај Фарски острови се и Ерменија и Летонија. Фараните се аутсајдери во нашата група, на хартија тоа изгледа како добра можност за нашата репрезентација да го стартува натпреварувањето со победа.

Условите кои ќе ги има на стадионот „Торсволур“ се неповолни за Македонија, вештачката трева и ладното време не ни одат во прилог, но не смеат да биде изговор за евентуален неуспех. Боби Милевски има ростер од поквалитетни фудбалери од противникот и тие треба да одиграат на високо ниво и да ги освојат трите бода.

Фарски острови иако се аутсајдери, не се наивна репрезентација, во минатото издание на Лигата на нации, пред две години, на свој терен ја совладаа селекцијата на Турција која потоа беше една од екипите кои оставија најдобар впечаток на Европското првенство.

Македонија не се израдувала на победа 11 месеци, а на последните три меча имаме исто толку порази, противникот е идеален за прекин на таа серија, а дали тоа ќе го направиме зависи од нас.

Со Фарски острови имаме само еден меѓусебен дуел, во март минатата година во пријателски меч ги совладавме со 1-0. Стрелец на голот тогаш беше Бојан Миовски кој и денеска ќе го предводи нашиот напад.

Македонија денеска цели кон целиот плен, а мисијата е да се освои првото место во групата, сè освен наша победа во Торшавн ќе биде неуспех.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ