четврток, 24 октомври 2024

Македонија скокна за три места на новата ФИФА ранг листа

Македонската фудбалска репрезентација напредуваше за три позиции на ФИФА ранг листата благодарение на победите против Летонија и Ерменија.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија сега се наоѓа на 69. место на кое последен пат беше во април оваа година. До крајот на годината нашата репрезентација треба да одигра уште два натпревари од Лигата на нации, во Скопје против селекциите на Фарски Острови и Летонија, со две победи може дополнително да го подобриме пласманот.

Во топ десет најдобра е Аргентина, следуваат Франција, Шпанија, Англија, Бразил, Белгија, Португалија, Холнадија, Италија и Колумбија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ