петок, 18 октомври 2024

Македонија прва во регионот според економската слобода

Објавено на

часот

Сподели

Македонија е во групата на земји со делумно умерени економски слободи со 68,5 индексни поени, а во истата група се уште 30 земји, меѓу кои Обединетите Арапски Емирати, Чешка, Норвешка, Шпанија, Малта, Словачка и Албанија.

Во истата група со Македонија од регионот се Хрватска и Црна Гора, но со полош индекс, а во групата на земји каде што главно нема економска слобода се Србија, Босна и Херцеговина и Грција. Истражувањето опфаќа десет критериуми, од правата на имотна сопственост до претприемништво, слобода на тргување, фискални и монетарни слободи и слобода на инвестирање. Хонг Конг и Сингапур 18-та година по ред го држат првото и второто место на листата како земји со најголеми економски слободи по што следуваат Австралија и Нов Зеланд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ