Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во август бележи опаѓање кај интермедијарни производи, освен енергија за 5,6 отсто, Капитални производи за 18,3 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 5,6 отсто, додека пораст бележи кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8 отсто.
Прометот во индустријата, вкупно, во август во однос на јули 2024 година, е намален за 6,4 проценти. Во периодот јануари – август годинава, пак, во споредба со истиот период од 2023 се бележи пад од 12,8 отсто.
На домашниот пазар, прометот во индустријата во август 2024 година е помал за 9,6 проценти. Според главните индустриски групи, опаќање се бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 23 отсто, капитални производи за 27,3 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 14,3 отсто, додека пораст бележи кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 отсто.
Во однос на јули годинава има намалување од есдум отсто, а во периодот јануари – август 2024 година, во однос на периодот јануари – август 2023 година, падот е 1,8 проценти.
Намалување од 10,5 проценти е евидентирано и во прометот во индустријата на странските пазари, во август годинава во оснос на август лани. Според главните индустриски групи, опаѓање има кај интермедијарни производи, освен енергија за 1,6 отсто, капитални производи за 18,4 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 0,1 отсто, додека пораст бележи кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,1 отсто.
Во август, во споредба со јули 2024, намалувањето е 6,3 проценти, додека во периодот јануари – август споредено со истиот период од 2023 година, падот изнесува 16,2 отсто.