Натпреварот почна лошо за Македонија, судијата свирна пенал за Фарски острови по фаул на Иљазовски уште во осмата минута. Давидсен беше сигурен реализатор за нивно водство од 1-0.
Голема шанса во првото полувреме пропушти Чурлинов откако го помина и противничкиот голман, но беше блокиран и не успеа да израмни.
На стартот од првото полувреме Македонија доби пенал, сигурен реализатор беше Барди за израмнување на 1-1.
Во вториот дел шансата на мечот ја имаше Ќамили, но тој од неколку метри успеа да го префрли голот и пропадна уште една голема можност за Македонија.
И ова издание на Македонија отвора многу прашања, зошто Трапановски и Бабунски кои се едни од најстандардните во своите клубови не добија шанса, зошто Алиоски уште е во репрезентацијата кога веќе со години не игра клупски фудбал.