среда, 27 ноември 2024
Оваа привилегија ќе ја имаат само четири репрезентации на ЕП

Македонија ЕП во ракомет ќе го почне на фудбалски стадион од 50.000 гледачи

Објавено на

часот

Сподели

Македонија доби пеколно тешка група, ќе играме против домаќинот Германија, Франција и Швајцарија.

Нашата репрезентација ќе ја има честа на денот на отворање на првенството да игра на фудбалскиот стадион во Диселдорф, „Маркур шпил арена“ која собира 50.000 гледачи.

Германија сака да го промовира ракометот на скалило погоре, па во првото коло двата меча од А групата во која е и Македонија ќе се играат на фудбалски стадион.

Планот е првенството да почне со мечот меѓу Германија и Швајцарија, а втор натпревар на стадионот во Дизелдорф да биде дуелот меѓу Македонија и Франција. Потоа натпреварите од нашата група се селат во салата во Берлин.

s

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ