петок, 18 октомври 2024

Македонците сè повеќе летаат

Објавено на

часот

Сподели

Лани во декември во споредба со декември од 2010 се регистрирани за 16,9 отсто повеќе патници што полетале од скопскиот и од охридскиот аеродром во Македонија. Во декември 2011 година од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 63.925 патници, а во истиот период 2010 година биле превезени вкупно 54.678 патници.

Најголем е порастот на патниците од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, каде што во декември 2011 година се регистрирани 61.504 патници (50.635 патници во декември 2010).

Во истиот период регистрирани се и зголемен број воздухоплови на редовни линии за 20,7 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ