петок, 18 октомври 2024
НБА

Мајами и Минесота се последните патници во плејофот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Познати се сите учесници во НБА плејофот откако синоќа завршија последните плејин двојки. 

Батлер и Штрус го предводеа Мајами до победа над Чикаго од 120-91, двајцата постигнаа по 31 поен. Најефикасен кај биковите бeше Дероузен со 26 поени.

Минесота лесно ја совлада Оклахома со 120-95. Таунс со 28 поени и 11 скокови беше најдобар во составот на волците, одличен беше и Гобер со 21 поен и 10 скокови. Кај Оклахома Жилжус-Александер реализираше 22 поени.

Плејоф двојки:

Милвоки – Мајами
Кливленд – Њујорк
Бостон – Атланта
Филаделфија – Бруклин
Денвер – Минесота
Феникс – ЛА Клиперс
Мемфис – ЛА Лејкерс
Сакраменто – Голден стејт

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ