Сообраќајот е во целосен прекин и во двата правци.
Според првичните информации од полицијата, во сообраќајката, која се случила во 18:40 часот, учествувале мотоцикл и автомобил, но оттаму засега немаат информации за повредени или загинати.
АМСМ информираше за сообраќајката по 19 часот и дека сообраќајот на овој патен правец е во прекин.
Од полицијата повеќе детали најавуваат за подоцна.