сабота, 19 октомври 2024

Лос Анџелес Лејкерс е првиот оосвојувач на НБА купот, Леброн е МВП (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс ја совлада Индијана со 123-109 во финалето кое се играше во Лас Вегас и стана првиот освојувач на НБА купот, натпреварување кое се воведе оваа сезона.
 

Објавено на

часот

Сподели

Леброн Џејмс за три дена ќе наполни 39 години, но уште игра во неверојатна форма, тој беше најзаслужен за трофејот на Лејкерс и ја доби МВП наградата на завршниот турнир. Леброн во финалето имаше 24 поени и 11 скокови.

Убедливо најдобар во составот на Лејкерс беше Ентони Дејвис со 41 поен и 20 скокови, одлична партија имаше и Остин Ривс со 28 поени.

Покрај трофејот, кошаркарите на Лејкерс добија и голема парична награда, секој од нив ќе инкасира по 500.000 долари, кошаркарите на Индијана кои беа финалисти ќе добијат по 200.000 долари.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ