Според англиските медиуми, сумата која Ливерпул ја плати за да го добие Мекалистер е 35 милиони фунти, толку изнесувала откупната клаузула на фудбалерот.
„Ливерпул постигна договор за трансфер на Алексис Мекалистер кој потпиша долгогодишен договор“, стои во соопштението.
24-годишниот фудбалер е прво засилување за Ливерпул во летниот преоден рок.
„Се чувствувам неверојатно. Ова е остварување на сонот, неверојатно е да се тука, не можам да дочекам да почнам“, рече Мекалистер по потпишувањето на договорот.
„Ова беше фантастична година за мене, Светско првенство, тоа што го остваривме со Брајтон, но сега е време да размислувам на Ливерпул и секој ден да бидам се подобар фудбалер и подобар човек“.
Тој пред шест месеци со репрезентацијата на Аргентина стана Светски шампион.
Мекалистер во Ливерпул ќе го носи бројот 10.