„(Балтичките пристаништа) би можеле да послужат како сигурна алтернатива за транзит на украински производи, вклучително и на житото“, се вели во писмото на тројца литвански министри упатено до европските комесари, пренесува Риа новости.
Во писмото се наведува дека балтичките пристаништа би можеле да помогнат во транспортот на 25 милиони тони жито годишно.
Литванија, исто така, наводно побарала од ЕУ да ја намали бирократијата на границата на Украина со Полска.