петок, 18 октомври 2024

Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја прободен со нож во вратот (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја Ли Џае Мјунг бил нападнат денеска за време на посетата на јужниот пристанишен град Бусан, објави агенцијата Јонхап. Ли бил прободен во левата страна на вратот од непознат маж додека бил во посета на градилиште на иден аеродром, пренесе агенцијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Напаѓачот во 50-те или 60-те години му пришол на Ли и му побарал автограм, пред ненадејно да го нападне. Набрзо бил совладан и уапсен. На фотографиите објавени во медиумите се гледа како Ли лежи на земја со затворени очи, а други луѓе му ја притискаат раната на вратот.

Лидерот на опозицијата е пренесен во болница, објави Јонхап. И покрај строгите закони за оружје, Јужна Кореја има историја на политичко насилство, при што се користени други видови оружје.

Лидерката на конзервативната опозиција Парк Геун Хе, која подоцна стана претседателка, беше нападната со нож во 2006 година, при што се здоби со длабока рана на лицето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ