вторник, 26 ноември 2024

Либан: Министерот за одбрана не е повреден откако куршуми го погодиле неговиот автомобил

Објавено на

часот

Сподели

Слим бил во возилото во населбата Џиср ал-Башри во југоисточната периферија на главниот град Бејрут, кога куршуми го погодиле прозорецот на автомобилот, изјавија за Ројтерс еден безбедносен и еден политички извор.

Во кратката изјава, министерот Слим го потврди пукањето што се случило во бејрутскиот кварт Хазмиех, но не даде дополнителни детали.

Висок либански функционер, кој сакаше да остане анонимен, рече дека истрагата е во тек за да се утврди дали министерот бил можна мета.

Инцидентот се случил кога либанската војска била распоредена во христијанско село во планините југоисточно од Бејрут, по смртоносната престрелка меѓу селаните и членовите на шиитската група Хезболах.

Либан бележи зголемени политички тензии во последниве години помеѓу Хезболах поддржан од Иран и прозападните христијански партии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ