Четврта година по ред Шарл Леклер освојува пол-позиција во Азербејџан. Денеска тој имаше најдобро време, а до него во првиот ред ќе стартува Оскар Пјастри од тимот на Мекларен.
Трет заврши Карлос Саинц од Ферари, а на четвртото место Серхио Перез од Ред Бул. Актуелниот шампион, Макс Ферстапен ќе стартува од третиот ред и тоа како шести, петтото место му припадна на Расел од Мерцедес.
Во топ десет се уште и Хамилтон (Мерцедес), Алонсо (Астон Мартин), Колапинто (Вилијамс) и Албон (Вилијамс).
Разочарување на денот беше Ландо Норис кој ќе стартува дури од 17. место.