петок, 18 октомври 2024
НБА

Лејкерс го прегази Мемфис и се пласира во полуфинале, Сакраменто избори мајсторка со Голден стејт (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Лос Анџелес Лејкерс полесно од очекувањата го совлада Мемфис, гостите изгледаа сосема немоќни од самиот старт на мечот, па до крајот. Езерџиите ги добија сите четвртини и на крајот славеа победа од 40 поени разлика, 125-85.

Расел со 31 поени беше најдобар, Леброн Џејмс постигна 22 поени, Дејвис 16 поени и 14 скокови. Во составот на Мемфис, Алдама со 16 поени беше најефикасен, Бејн постигна 15.

Сакраменто направи изненадување откако убедливо го победи Голден стејт на негов терен со 118-99 и се избори за седми натпревар во серијата.

Монк со 28 поени беше најдобар кај Сакраменто, Фокс постигна 26 имаше и 11 асистенции. Најдобар кај Голден стејт беше Кари со 29 поени.

Резултати: Голден стејт – Сакраменто 99-118 (3-3), ЛА Лејкерс – Мемфис 125-85 (4-2)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ