четврток, 21 ноември 2024

ЛДП за случувањата во ЗОО Скопје: Одговорност мора да има

Градската организација на ЛДП бара итно пломбирање на Зоолошката градина Скопје и преземање одговорност од надлежните лица за случувањата во неа, „целосна истрага и транспарентност се неопходни за да се осигура дека ризици по здравјето на луѓето и животните нема повеќе да се повторат“.

Објавено на

часот

Сподели

„За хаосот кој владее треба да има и чин на морална одговорност – оставка на градоначалничката на Скопје која законски има можност да ги поставува по сопствена одлука директорите на градските институции вклучително и на ЗОО која е подолго време оставена сама на себе.
Изразуваме длабока загриженост за вчерашната вест за птичји грип, како и за низа настани и скандали кои ја следат скопската зоолошка градина. Здравјето на посетителите, деца и вработените е сериозно загрозено поради сомнеж за појава на птичји грип, дојде до итна евакуација, но не смее да се заборават и животните кои секојдневно полека умираат во тоа мачилиште.
Веќе неколку пати алармираме за проблемите со управување на Зоолошката градина, но инцидентите продолжуваат – од смртта на жирафите, тигрицата, слоницата, лавот до актуелниот ризик од зарази како птичји грип. Одговорност мора да има“, соопшти ЛДП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ