Косовскиот премиер Курти рече дека пред пред две недели била одбележана пет годишнината од смртта на Адем Демачи и нагласи дека „тоа што Демачи ќе има своја улица во Северна Македонија е од особено значење“.
Курти потсети дека Адем Демачи поради своите заложби и дејност во поранешна Југославија бил осуден вкупно на 28 години затвор, но дека сепак „останал нескротлив симбол за слободата на Албанците во Југославија“.
Тој потоа рече дека Демачи, односно како што се изрази, чичко Адем му бил многу од помош во неговата изградба како политичар и дека му кажал оти најомилената политичка личност на 20 век му билљ Хасан Приштина.
„Денес, како што се сеќаваме на Адем Демачи, природно се сеќаваме и на Хасан Приштина, кој утре, но пред 111 години, дојде да го ослободи Скопје заедно со Бајрам Цури и Иса Болетини, додека задутре пред 90 години беше свирепо убиен во Солун“, рече. Курти.
Инаку, како што веќе објави МКД.мк и претходно во Чаир не беше кажано дека всушност Општината преименува улица која го носеше името на славната Втора македонска ударна бригада која од 480 партизани, во борбите со фашистичките окупатори загуби 300 борци, а не е кажано ниту зошто токму оваа улица беше избрана да го носи името на личност од Косово која својот живот го посветила на борба за отцепување на Косово.
Курти е планирано да го посети Тетово во придружба на градоначалникот и лидер на Беса, Касами, за што во Тетово е организиран целодневен посебен сообраќаен режим бидејќи градоначалникот подготвил богата програма за својот гостин, како и концерт на главниот плоштад. Засега барем, од тоа што е познато, косовскиот премиер не барал средба со македонскиот премиер, а како што веќе потврдил вицепремиерот Артан Груби, ниту со лидерот на ДУИ.
П.Џ.