„Србија денеска повторно провоцира со преместување на своите војници на околу 50 метри во близина на граничната линија со Косово, во близина на територијата на општина Каменица“, напиша Курти на Фејсбук, пренесува порталот Косев.
Тој објави неколку фотографии на кои се гледа воено возило, како и неколку лица во воени униформи, ги дал и координатите на локацијата каде што наводно се случило.
Курти оцени дека станува збор за „провокативен потег на војската на Србија со цел поттикнување тензии“, но и дека овие војници биле забележани од косовските безбедносни институции.
„Кога видоа дека ги забележавме, брзо побегнаа и влегоа во внатрешноста на својата територија“, додаде Курти.
Тој ја обвини Србија дека „продолжува да ги подига тензиите преку хибридни акции, со цел дестабилизација на регионот, иако просторот за овие маневри се стеснува од ден на ден“.
„Косово останува цврсто на својот пат кон евроатлантските интеграции, со своите институции алармирани 24/7, ја штитат земјата и обезбедуваат максимално следење на ситуацијата“, изјави Курти.