вторник, 19 ноември 2024
Изјава на првиот вицепремиер

Курти не бара средба со Ахмети

Објавено на

часот

Сподели

Во изјава за косовскиот весник Експрес, првиот вицепремиер во Владата на Македонија, Артан Груби рече дека премиерот на Косово Аљбин Курти не побарал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Посетата на шефот на Владата на Косово на Северна Македонија се смета за обид за продлабочување на соработката со албанската опозиција во соседната земја. Курти не побарал средба со лидерот Али Ахмети“, изјавил Груби.

Од кабинетот на премиерот Курти, како што наведува весникот, не одговориле конкретно зошто тој овојпат нема да се сретне со Ахмет.

Груби за Експрес изјави дека „по се изгледа посетата има локален карактер“.

„Од известувањето на портпаролот на Владата на Република Косово, се чини дека посетата има локален карактер, по покана од градоначалниците на двете општини за нивните локални манифестации“,  кажал Груби.

Инаку, косовскиот портпарол потсетил само на една средба на Курти со Ахмети, таа во рамките на Форумот во Преспа на Охридското Езеро, истакнувајќи дека „комуникацијата меѓу владините кабинети е редовна“.

Како што веќе објави МКД.мк, Курти во Чаир ќе биде присутен на свеченост на преименување на ул.Втора македонска бригада во ул.Адем Демачи, како гостин на „огнениот“ градоначалник Висар Ганиу, а потоа ќе биде гостин на тетовскиот градоначалник и лидер на Беса, Биљал Касами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ