петок, 18 октомври 2024

КСС против 60 часовна работна недела, да се почитуваат европските директиви за достоинствена работа

Објавено на

часот

Сподели

Во реакцијата на Европската и Светската конфедерација се споменува дека прекувремената работа е причинител за повредите на работното место како и за смртните последици кои во Македонија ги има во голем број. Исто така се предупредува Владата дека ќе се преземат сите мерки во заштита на работничките права согласно меѓународните стандарди и ако не се повлече предлог законот за измените на Законот за работни односи ќе бидат преземени мерки во нивните надлежности. Ќе бидат известени сите меѓународни фактори каде што партиципираат, меѓу кои и Европската комисија, каде што се социјален партнер, за преземање на соодветни мерки за укажување за грубото кршење на работничките права и тоа да влезе во извештајот на Европската Унија за напредокот на Македонија/ Ќе бидат преземени и сите правни инструменти Македонија да биде санкционирана за грубото кршење на работничките права.

Бараме социјалниот дијалог да се врати во Македонија и целиот овој хаос во делот на непочитување на правата од трудовото право и колективните договори да престане за да се врати достоинството на работникот, а со тоа и надежта во економскиот просперитет во државата, соопшти Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ