Од КСС велат дека во изминатиот период се обратиле до сите пратенички групи со јасни забелешки околу предлог законот, кој, според КСС, нема ништо европски, туку има само за цел работниците во јавниот сектор да останат покуси за усогласувањето на минималната палата во март, согласно Законот за минимална плата.
„Одредбите од овој закон кои што би требало да важат сите од први јануари 2025 година, а само една одредба која што ја отстранува минималната плата од платата на вработените во јавниот секотор важи од сега, јасно покажува дека во вакви тешки моменти со енормната инфлација и поскапувањата кои ги имаме е само антиработнички, но никако не и европски“, велат од КСС.
Предлагач на овој закон е Владата, а согласно Законот за работни односи, како закон од трудовата легислатива кој има круцијално значење за работниците, има обврска да помине на седница на Економско – социјалниот совет со заклучок, а воедно и да се отвори јавна дебата.
„КСС го извести претседателот на Собранието и сите пратенички групи дека доколку се инсистира и се донесе овој закон ќе бидат известени не само сите амбасади, туку и Европската комисија преку нашите конфедерации во кои членуваме, Европската конфедерација на синдикати (ЕТУК) и Светската конфедерација на синдикати (ИТУК) дека во Македонија драстично се кршат работничките права со злоупотреба на европското знаменце“, велат од КСС.