петок, 29 ноември 2024

Кремљ: Украинските напади врз Русија со западно оружје претставуваат опасна ескалација

Кремљ ги оцени како опасна ескалација изјавите на некои западни земји на овонеделниот самит на НАТО дека ќе му дозволат на Киев да го употреби нивното оружје за напад на руска територија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во четвртокот, шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, повика на укинување на ограничувањата за употребата на оружјето на западните сојузници против цели длабоко на руска територија. Ова, како што рече Јермак, ќе го промени односот на силите во војната против Русија.

„Слушнавме изјави од претставници на некои метрополи, како Лондон и други, кои не се грижат за какви било ограничувања по ова прашање, а гледаме и земји кои се обидуваат да одржат рамнотежа и кои велат дека се против олеснување на условите за употреба на ракети со долг дострел“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков додаде дека Москва верува дека тоа оружје веќе се користи за напади на руска територија.

„На крајот на краиштата, ракети веќе ја гаѓаат нашата територија, а што се однесува до зголемувањето на должината на дострелот, ова е чиста провокација, нова, многу опасна ескалација на тензијата“, рече Песков.

По притисокот од Украина и некои од нејзините европски сојузници, Соединетите Американски Држави се согласија на крајот на мај да ја променат својата политика и да му дозволат на Киев да користи западно оружје за да напаѓа цели на руска територија како дел од својата одбрана од руската инвазија, но не длабоко во руската територија.

Јермак тогаш ја нарече клучна одлука која ќе влијае на водење на војната, планирање на контраофанзивни дејства и ќе ја ослабне способноста на Русите да ги користат своите сили во пограничните области.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ