петок, 18 октомври 2024
Премиерот пред самитот „Македонија 2025“

Ковачевски се фали: Ги пресретнавме и разрешивме светската економска и енергетската криза

Објавено на

часот

Сподели

„Сите споменици кои ги гледате овде, целиот овој стиропор, тоа е помала инвестиција од она што го направивме минатата година во текот на најкризната година. Минатата година инвестициите беа 465 милиони евра. Едиствената разлика е што во тоа време за 1 евро инвестиција се трошеа 4 евра за реклама на телевизија, а сега за секое евро инвестиција не се троши ниту 1 евро за реклама на телевизиите за да се убедуваат граѓаните дека нешто што изгледа 100 милиони чини 400 милиони. Само во последните три години, во услови на здравствена, економска и енергетска криза вредноста на капиталните инвестиции изнесува 1,1 милијарда евра.
 
Пред нас е изградбата на коридорите 8 и 10-д Северна Македонија влегува на карта на Европа и ќе ја направат земјата вистинска крстосница и која што навистина ќе направат да бидеме интерсекција на два важни коридори а тоа се 8 и 10д. Тоа ќе ни овозможи околу 650 милиони евра да се влеат во нашата  македонската економија, со оглед на тоа дека проектот чини најмалку 1,3 милијарди евра кои според договорот 51% треба да бидат ресурси кои се од македонски компании. Економските импликации од реализација на овој проект се повеќекратни“, рече Ковачевски. 

Тој изрази задоволство од решавањето на предизвиците, прво во време на падемија, а потоа и по отпочнувањето на војната во Украина.

Ги пресретнавме и ги разрешивме  и  односно светската економска криза и енергетската криза на задоволство на граѓаните, рече тој и додаде дека во време на криза е зголемено производството на домашна струја.

самит

„Навремениот пакет антикризни мерки во висина над 760 милиони евра, кој беше оценет како најголема државна помош во регионот, според податоците на Светска банка, ние успеавме да го заштитиме стандардот на граѓаните. Ние имавме најголем пакет според БДП во однос на сите земји во регионот“, рече премиерот Димитар Ковачевски во долгото обраќање на почетокот на годинешниот Самит „Македонија 2025“, посветен на просперитетни економии, преку општествена трансформација, дигитализација и стратешко лидерство, а којшто ќе се одржува во следниве два дена во Скопје.

Во својот говор тој ги опфати сите влезени и најавени инвестиции за кои тој во изминатите недели и месеци одржал прес-конференции како и за сите мерки и реформи во однос на платите и пензиите, па се до мерките за поддршка на стопанството.
 
На Самитот се присутни Мајкл Чкламовски, претседател на Одбор директори на Македонија 2025, Мајк Зафировски, ко-основач и член на Одбор на директори на Македонија 2025, Никица Мојсоска Блажевски, извршна директорка и член на Одборот на Македонија 2025, Роберт Доар, претседател на Американскиот институт за претпријатија, претставници од бизнис заедницата во Македонија, експерти во областите за коишто ќе се дебатира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ