сабота, 26 октомври 2024

Ковачевски повеќе не е претседател на СДСМ, партијата вечерва одржува седница на Извршниот одбор

Оставката што ја најави Димитар Ковачевски по поразот на СДСМ на претседателските и на парламентарните избори ќе треба да биде потврдена вечерва на седница на Извршниот одбор, на која се очекува да се покрене иницијатива за одржување постизборен конгрес на партијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според неофицијалните информации на МКД.мк, седницата е свикана по иницијатива на Ковачевски, кој побарал оставка да поднесе и целото раководство на СДСМ. Меѓу другото, на седницата се очекува да се покрене иницијатива за одржување на постизборен конгрес на партијата.

Според извори на МКД.мк, Ковачевски веќе ја известил Славјанка Петровска, која е претседавач на Централниот одбор на СДСМ.

Во дописот Ковачевски меѓу другото напишал дека на парламентарните и претседателските избори СДСМ доживеа пораз, „со што му е зададен тежок удар, не само од граѓаните, туку и од симпатизерите, дел од сегашните, како и од доскорешни членови на партијата организирани во друг политички субјект, а стимулирани и од поранешни носители на високи партиски функции“. Ковачевски признал дека и тој лично, но и партиското раководство, како и сите именувани и избрани функционери, се одговорни за изборните резултати и дека тие можело да се насетат уште во 2021 година кога СДСМ доживеа пораз и на локалните избори.

Според Ковачевски, СДСМ ќе треба да размисли кои се резултатите и слабостите во работата на партијата и што треба да направи во иднина.

Поради ова, Ковачевски побарал да се свика Конгрес на СДСМ на кој меѓу другото членовите на партијата би се изјасниле за довербата на органите на СДСМ.

Веднаш по објавувањето на првичните изборни резултати, вечерта на 8 мај, прв оставка од функцијата потпретседател поднесе Фатмир Битиќи.

Што се однесува до наследникот на Ковачевски во јавноста провејуваат имињата на актуелната министерка за одбрана, Славајанка Петровска, директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, но и доскорешниот претседател на државата, Стево Пендаровски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ