„Имав долг разговор со претседателот на ЗНМ во неколку наврати бидејќи тој е најдобриот сведок што се случуваше до 2016 година. Јас кажав дека до 2016 тоа се случувало и не би сакал да видиме време кога повторно тоа ќе се случува. Ако ја погледнете целата изјава тогаш е многу јасно што имам кажано“, рече Ковачевски на денешното почнување на реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје.
На партиската трибина на 19 февруари Ковачевски меѓу другото кажа: „Е тоа ви е кога медиумите ќе се стават во функција на една политичка партија. И после ќе се освестат, и касно е… И кај ќе трчаат? Во СДСМ. Зошто? За да им ја врати демократијата. А тие самите се продале“.