сабота, 27 јули 2024

И АВМУ со реакција на изјавата на Ковачевски за новинарите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката партија СДСМ, Димитар Ковачевски со која обвини медиуми дека „самите се продале и уште сега се продаваат“ и се ставаат во функција на една политичка партија.

Објавено на

часот

Сподели

„Политичарите треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и наместо да се служат со непримерна комуникација треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на еден од клучните столбови на демократијата – медиумите. Етикетирање на медиуми, особено во чувствителни периоди како предизборните, негативно се одразува на слободата на изразување и го нарушува достоинството на медиумските работници“, се подвлекува во соопштението од АВМУ.

Агенцијата во соопштението потсетува дека е неопходно да се почитуваат стандардите и ги повикува политичарите да се воздржат од употреба на јазик со кој се дискредитираат медиумите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ