петок, 29 ноември 2024

Костовски ја доби наградата „8 Септември“: Се осмеливме да ги погледнеме најсилните противници во очи и да ги победиме

Борче Костовски, тренер во таекводно ја доби наградата за животно дело „8 Септември“ поради историскиот успех со Дејан Георгиевски на Олимписките игри во Токио во 2021 година.

Објавено на

часот

Сподели

Тренерот и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски се закити со наградата за животно дело. Клучен за признанието „8 Септември“ беше успехот со Дејан Георгиевски кој го направи пред три години кога во Токио го освои сребрениот медал.

„Една мала група на одбрани се осмеливме да направиме чекор од Скопје до Токио, чекор кој трае седум години. Се осмеливме да освоиме олимписка норма, да ги погледнеме најсилните противници во нашиот спорт во очи и да ги победиме. Се осмеливме да стигнеме во олимписко финале на олимписки игри, сето тоа резултираше со сребрен медал и со поставување на нашето знаме на олимпискиот медал“, рече Костовски на манифестацијата на која му беше доделено признанието.

Министер за спорт и млади, Борко Ристовски, на настанот истакна дека сите пријавени кандидати биле заслужено на листата.

„Би сакал да порачам ова да биде само еден поттик за уште повеќе да имам следната година пријавени, ние како држава и министерство да имаме уште повеќе награди да доделуваме. Како министерство секогаш ќе бидеме на страна на спортистите и спортските работници. Овие награди кои ги добивате се огромна чест, но и огромна одговорност, да ги носите со гордост и со достоинство и да бидете достојни претставници на македонското општество кое врз база на вашите дејствувања ќе гледа во вас идоли и ќе се градиме како општество“, рече министерот Ристовски.

Признанија за остварувања во областа на спортот денеска им беа доделени и на Мирко Димчевски, Рамадан Шабани, и Димитар Јованов од борење, како и на првиот стрелец за Македонската фудбалска репрезентација, Зоран Бошковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ