среда, 27 ноември 2024

Кошаркарските клубови нема да плаќаат котизација за новата сезона

Раководството на Кошаркарската федерација на Македонија денеска одржа прес-конференција на која меѓудругото соопшти и дека клубовите се ослободени од котизација, трошоците ќе ги покрие новиот спонзор.

Објавено на

часот

Сподели

Генералниот секретар на КФМ, Владимир Георгиевски го поздрави доаѓањето на новиот спонзор, МТЕЛ и ја соопшти одлуката за котизацијата.

„Последната точка од нашата предвидена програма за работа, беше наоѓање на спонзор, партнер, за првата лига мажи кој ќе им помогне на клубовите во реализацијата на активностите за натпреварувањето, без разлика дали тука станува збор за домашното првенство или за некое меѓународно натпреварување. Последен пат Федерацијата имала спонзор за Првата лига мажи пред 14 години.

Партнер најдовме во МТЕЛ, верувам на сите ви е познат. Станува збор за компанија чија примарна цел се телекомуникациите, но поддршката за врвен спорт не изостанува. Во минатото МТЕЛ помагал на многу македонски клубови и спортисти, меѓу кои и нашите два најтрофејни клубови МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

Со поддршката од МТЕЛ за претстојната натпреварувачка сезона односно 2024/2025 клубовите од Првата лига мажи ќе бидат целосно ослободени од котизацијата за учество“, изјави Георгиевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ