Коњановски истакна дека работите се одвиваат според утврдениот план и дека последната делница од улицата ќе биде завршена до крајот на годината.
„Со овој проект ја подобруваме не само инфраструктурата, туку и квалитетот на живот на граѓаните. Општина Битола продолжува со реализација на важни инфраструктурни проекти кои се дел од нашата визија за модерна и функционална урбана средина,“ изјави Коњановски.
Реконструкцијата на улицата Стив Наумов е еден од значајните инфраструктурни проекти за Битола, со кој ќе се подобри сообраќајната и комуналната функционалност во тој дел од градот.