среда, 4 декември 2024

Арсовска: Небулозно е образложението на БЈН за набвката на гориво за ЈСП

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска како небулозно го оценува образложението на Бирото за јавни набавки (БЈН) за поништената набавка на гориво еуродизел за автобусите на ЈСП Скопје и вели дека не може да се зборува за подобра или полоша понуда за набавка на гориво, во ситуација кога цената е регулирана од страна Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Во меѓувреме Град Скопје упати апел до Владата дека секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

„Она што беше дадено како образложение во јавноста, односно како причина за самата набавка за нас е небулозно затоа што не можете вие да имате подобра или полоша понуда за набавка на гориво каде што цената е регулирана од страна на Регулаторната комисија на Република Македонија. Таа е иста цена за сите, не може да биде поголема или пониска, не може да се наддава на таа цена затоа што цената е веќе одредена од Регулаторната комисија за енергетика“, рече скопската градоначалничка во интервју за ТВ Телма.

Арсовска забележува дека директорката на Бирото за јавни набавки ја донела сега одлуката за поништување на набавката и тоа што имала замерка е што само една комапнија дала понуда.

„Има замерка на тоа дека една компанија дала понуда, што е нормално, сите ги гледаат притисоците, ретко кој се охрабрува во претпријатие што е таков загубар да го снабдува со енергенс, и кога веќе се осмелил сметам дека е не само политички и неумесно, туку и штетно да се прават сега такви работи“, вели Арсовска.

Ситуацијата со автобусите е таква поради опструкциите кои, како што вели, постојано и ги прави советот чие мнозинство е од редовите на власта и на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопската градоначалничка Арсовска во интервјуто обвини дека мнозинството во Советот на Град Скопје одбива да ја гласа иницијативата за набавка на нови автобуси која досега се најде на дневен ред на 25 седници на Советот, но не доби поддршка. Според неа, тоа е така бидејќи до сега биле навикнати на носење тендери во четири очи.

Во меѓувреме Град Скопје упати апел до Владата дека секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает.

„Потсетуваме дека Владата се уште има долг од 500 милиони денари кон ЈСП Скопје за студентскипт стандард и бесплатниот студентски превоз, со кои ќе се стабилизира во целост состојбата во претпријатието“, се наведува во соопштението.

Дополнително, се повикува советничката група на ВМРО-ДПМНЕ „да го следи позитивниот пример на Владата и разумно со грижа за интересот на граѓаните како приоритет, да ги донесе одлуките во Советот на град Скопје неопходни за подобрување на состојбите во јавниот превоз“.

„Апелираме на следната седница конечно по повеќе од 2 години советниците да ги изгласаат точките за нови автобуси за ЈСП како и за отпочнување на реализација на проектот за БРТ каде се предвидени дополнителни 60 автобуси, адаптирано согласно ветувањата од програмата ‘За Модерно Скопје’. Важно е и советниците да завземат став за барањата на приватните превозници што како одлука единствено тие можат да ја донесат за во целост да се нормализира јавниот превоз“, се посочува во соопштението од Одделението за односи со јавност на Градот Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ