петок, 6 декември 2024

Коњановски: Со реконструкција на улицата Стив Наумов се подобрува животот на граѓаните

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска направи увид во работните активности на третата делница од улицата Стив Наумов. Реконструкцијата на оваа улица, со вкупна должина од два километри, опфаќа целосна замена на водоводната и канализационата мрежа, како и обновување на коловозот.

Објавено на

часот

Сподели

Коњановски истакна дека работите се одвиваат според утврдениот план и дека последната делница од улицата ќе биде завршена до крајот на годината.

„Со овој проект ја подобруваме не само инфраструктурата, туку и квалитетот на живот на граѓаните. Општина Битола продолжува со реализација на важни инфраструктурни проекти кои се дел од нашата визија за модерна и функционална урбана средина,“ изјави Коњановски.

Реконструкцијата на улицата Стив Наумов е еден од значајните инфраструктурни проекти за Битола, со кој ќе се подобри сообраќајната и комуналната функционалност во тој дел од градот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ