петок, 18 октомври 2024

Кој ќе стигне прв до Тасовски?

Објавено на

часот

Сподели

Крилниот кошаркар вели дека заминувањето во странство не е реална опција за него во моментов и дека е за очекување дека сезонава ќе ја доигра во некој од другите домашни екипи. Знаејќи ја финансиската моќ на прволигашите, како и нивните амбиции, не е тешко да се дојде до заклучок дека најзагреани за потпис на Тасовски би биле МЗТ и Фени, кои се убедливо најголеми кандидати за освојување на шампионската титула и на пехарот во Купот на Македонија. Некако во сенка на овие два тима е Лирија, која е единствена од преостанатите екипи што би можела да им ги помати сметките на скопјани, односно кавадарчани.

Информациите за евентуален обид за ангажман на Тасовски засега не се потврдуваат, ниту пак се демантираат од раководствата на МЗТ, Фени и Лирија, од каде што велат дека сè уште е рано да се каже дали би се решиле да влезат во игра за донесување на крилниот кошаркар. Сепак, самото појавување на Тасовски на списокот на слободни играчи зимава најавува суперинтересен финиш на преодниот рок во македонскиот шампионат. Според актите, екипите имаат право да ангажираат нови играчи до 48 часа пред почетокот на Суперлигата, кој е закажан за 4 февруари.

Главна причина за заминувањето на Тасовски од „Градски парк“ се финансиите, односно нивниот недостиг.

„Ми здодеа да ги слушам лажните ветувања од управата на Работнички во однос на платите, поради што решив да побарам од МКФ да ми го раскине договорот со овој клуб. Ми должат неколку плати и мислам дека ќе немам проблеми со добивањето на кошаркарската слобода.“, ни изјави Тасовски.

Тасовски минатата сезона беше еден од најзаслужните за двете титули на Фени И., во првенството и во Балканската лига (БИБЛ). Тој потекнува од сега непостојниот Жито Вардар, а покрај Работнички и Фени И. Меѓу другите има настапувано и за Струмица, Вардар, како и за украинскиот тим Политехника.

И.К.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ