Жалили откупи 85 проценти од акциите на Вардар, има обврска да ги врати долговите на клубот, да направи целосна трансформација и да ги постави темелите за нови славни денови на македонскиот фудбалски гигант.
Атила Бижен Жалили е Турчин кој живее во Унгарија, во моментов е генерален директор на „СолСервисис Лтд“, унгарска компанија која се занимава со имплементација на производство на енергија од обновливи извори.
Тој студирал на Универзитетот во Нотингем каде дипломирал за електротехника и електроника во 2010. На истиот универзитет три години подоцна добива и диплома за инжинер за одржливо изградена средина. Образованието го завршува во Истанбул на Билги Универзитетот каде ја добива титулата магистер по бизнис администрација.
Атила Жалили повеќе од десет години е во бизисот со енергија. Од 2013 е во компанијата „СолСервисис Лтд“ каде до 2017 година бил инвестиционен координатор, а од 2020 па до денес е генерален менаџер.
„СолСервисис Лтд“ е компанија која е пионер во развојот на соларни паркови во Унгарија и е лидер на тамошниот пазар во оваа дејност. Најголемите заслуги за развојот на компанијата се препишуваат токму на Атила Жалили.