петок, 18 октомври 2024

Кои се можните нови газди на клиниката „Жан Митрев“?

Објавено на

часот

Сподели

Албанските медиуми уште во март годинава објавија истражување под наслов „Маневрите на Алајбеу: Тој ја купува сопствената болница за 24 милиони евра, не е ли време да започне истрага за перење пари?“

Бизнисменот Клодијан Алајбеу ќе биде новиот сопственик на Американската болница (во Тирана). Аквизицијата ќе се изврши преку стекнување контрола на единствениот акционер на Американската болница, холдинг-компанијата регистрирана во Холандија, Balkan Alliance Healthcare BV, пишува Воксњуз.ал.

Американската болница беше првата приватна болница во Албанија, основана во 2006 година, токму од Клодијан Алајбеу, во партнерство со две турски компании. Во 2008 година, компанијата беше купена токму од „Балкан алајанс“.  

Клодијан Алајбеу ќе купи 86,3% од компанијата преку друга компанија (регистрирана во Холандија), KA Healthcare BV, за цена проценета на околу 24 милиони евра. Купувањето делумно ќе се финансира со заем од унгарската банка ОТП и нејзината албанска подружница ОТП Албанија во износ од 16 милиони евра.

Бизнисменот Алајбеу ќе биде новиот косопственик на Клиничката болница ‘Жан Митрев’ во Скопје, пишуваше уште лани во ноември информативната агенција на албански јазик ИНА. Тогаш агенцијата објави дека бизнисменот од Албанија ќе ги преземел сите кредити на клиниката „Жан Митрев“ и други обврски за плаќања.

44-годишниот Алајбеу дипломирал кардиологија на Универзитетот во Анкара во Турција и од 2006 година е коосновач и извршен директор на мрежата болници „Американ хоспитал“ во Тирана, Драч и Фиер во Албанија, како и две болници во Косово.

Американската болница е првата приватна болница во Албанија, основана во 2006 година. Во 2008 година компанијата беше купена од „Balkan Alliance Healthcare BV“, компанија регистрирана во Холандија, но контролирана од американски инвестициски фонд, специјализиран главно за инвестиции (приватен капитал) во малите и средни претпријатија.

Во 2018 година Американската болница се прошири со купувањето на албанската подружница на грчката болничка групација Hygeia (денес Меѓународна болница), пишуваат албанските медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ