недела, 20 октомври 2024
Парите го вртат фудбалот

Клуб од Саудиска Арабија во Лигата на шампиони, Меси и Интер Мајами во Копа Либертадорес?!

Објавено на

часот

Сподели

Во фудбалот се вртат милијарди но очигледно сите сакаат повеќе пари па се размислува и за работи кои немаат логика.

Саудиска Арабија не само што планира да привлече што е можно повеќе фудбалски ѕвезди, сака еден клуб од оваа земја да игра во Лигата на шампиони.

Од сезоната 2024/25, бројот на клубови во ЛШ ќе порасне од 32 на 36, па Саудиска Арабија е во преговори со УЕФА едно од овие додатни места да им припадне на нив.

Слично сценарио се прави и во Јужна Америка, КОНМЕБОЛ сака да го искористи лудилото кое го предизвика Лео Меси со одличните партии по трансферот во САД па се кројат планови Интер Мајами да настапи во следното издание на Копа Либертадорес.

Чики Тапија, првиот човек на Фудбалската асоцијација на Аргентина, доставил формална понуда за Лео Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба да бидат дел од јужноамериканската Лига на шампиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ