четврток, 28 ноември 2024
Скандалозна одлука на германскиот стратег

Клинсман за меч на Јужна Кореја, повика фудбалер кој е во затвор

Објавено на

часот

Сподели

За пријателскиот натпревар против Перу, Клинсман во составот го повикал и играчот за врска, Јон Хо Сон кој во моментов е во затвор.

Овој играч беше дел од Јужна Кореја на Светското првенство во Катар, но потоа бил фатен како прима миту за местење на натпревар, по што добил казна затвор.

Но и покрај тоа, Клинсман го стави Сон на списокот и изрази надеж дека ќе го пуштат за да игра за репрезентацијата.

„Не знам како е ни физички, ни психички, но секој ден се надеваме дека нешто ќе се смени. Сепак ништо не е во наша моќ. Сон ја има целата наша поддршка, а федерацијата се обидува да договори да го пуштат од затвор. Досегашните обиди беа залудни“, рече Клинсман.

Овој потег на Клинсман е оценет како скандалозен од светската јавност, затоа што фудбалерот учествувал во местенки, нешто против кое ФИФА се бори и строго го санкционира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ