вторник, 22 октомври 2024

Клиниката за онкологија ќе има испостави насекаде низ Македонија, најави Таравари

Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека започнале со децентрализација на Клиниката за онкологија и целта е да функционира како Институтот за трансфузиологија, прашан што се сменило во интерес на пациентите, една година откако изби скандалот во врска со Клиниката.

Објавено на

часот

Сподели

„Ние започнаваме со децентрализација на Онкологија. Се работи во болницата 8 Септември. Одреден кадар веќе се обучува тука на Онкологија и целта ни е да направиме мрежа  што ќе биде контролирана од Клиниката за онкологија. Значи 8 Септември, веќе се надевам за месец и половина ќе почне и таму да се даваат терапии, тоа ќе го промовираме. Во Тетово веќе се дава, во Битола се дава, во Штип се дава онколошка терапија. Полека, полека да започнеме со децентрализација, меѓутоа повторно да има некаква контрола од Клиниката за онкологија. Практично да функционра како Институтот за трансфузиологија. Центарот е во Скопје, меѓутоа има филијали секаде“, појасни министерот.

Тој рече дека сѐ уште не го добил последниот ревизорски извештај за Онкологија.

Директорот Игор Стојковски кажа дека тие го добиле и заедно со тимот имале предвидено акционен план. Ќе се постапувало по препораките во ревизорскиот извештај.

Прашан околу дозволата за вработување, затоа што имало ургентни вработувања, директорот рече дека административната процедура е почната. Ја опиша како доста комплексен процес и оти сѐ зависело од министерствата за здравство, за финансии и за администрација.

На новинарско прашање каков кадар ќе се вработува, тој нагласи дека ќе биде од сите профили.

„Имаме медицински сестри, лекари, медицински технолози, административен кадар, околу 50 е бројката“, одговори Стојковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ