Кинески истражувачи повторно го открија во 2001 година, кога кинеските власти организираа експедиција да утврдат што останало од изгубената метропола. Утврдено е дека Градот на лавовите е целосно зачуван и 53 години под вода, а во 2017 беше отворен за туристи.
Се претпоставува дека Ши Ченг бил изграден за време на династијата Хан, меѓу 25 и 200 година. Некогаш бил политички и економски центар на централната источна покраина Жеџианг, а во него било и седиштето на регионалната власт.
Ши Ченг, стар повеќе од илјада години, бил потопен во 1959 година кога кинеската влада решила да ја доврши браната со хидроцентрала на реката Џин, поради што бил поплавен древниот град кој завршил под езерото. Притоа биле раселени повеќе од 300.000 жители.
Речиси 53 години бил заборавен. Градските ѕидини, за кои се верува дека датираат од 16 век, имале пет влезни порти, за разлика од традиционалните четири, карактеристични за древните кинески градови. Широките градски улици имаат 265 лака со камени ѕидови украсени со змаеви, феникси и лавови.
Древниот град е зачуван како временска капсула од периодот кога бил поплавен. Имајќи предвид дека водата користена за потопување не содржела ништо корозивно, градот е совршено зачуван.
Иако до средината на 20 век функционирал како град, Ши Ченг никогаш не бил целосно мапиран.
Денес нуркачите детално ги проучуваат секоја зграда, структура, лаковите и патиштата за да добијат целосна слика за тоа како изгледал градот.
Туристите можат да го разгледаат градот во рамки на подводни излети, но мора да имаат потврда за напреден курс по нуркање.