сабота, 2 ноември 2024

Кина веројатно ѝ дава на Русија воена технологија со двојна намена

Објавено на

часот

Сподели

Процената беше спроведена од Канцеларијата на директорот на националната разузнавачка служба и објавена од Постојаната комисија за разузнавачки работи на Претставничкиот дом на САД, откако беше отстранета ознаката на тајност.

Во разузнавачката процена се наведува дека Кина станала важен столб за Русија во војната против Украина и дека Пекинг го зголемил увозот на руски енергенси.

Исто така, се додава дека Кина станала уште поважен економски партнер за Русија откако Москва ја нападна Украина.

Кина и Русија исто така го зголемиле уделот во билатералната трговија во кинеската валута јуан, а финансиските институции во двете земји ја прошируваат употребата на домашните платежни системи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ