Портпаролот Ксијаоганг на прес-конференцијата рече дека вежбата „Заедничко море-2024“ се изведува според годишниот план за воен ангажман на Кина и Русија и билатералниот договор и дека е предвидено да трае до средината на јули.
Тој изјави дека овие маневри имаат за цел да ја покажат решителноста и способноста на војската за заедничко соочување со заканите за поморската безбедност и зачувување на глобалниот и регионалниот мир и стабилност, пренесува Ксинхуа.
Џанг истакна дека ова дополнително ќе го продлабочи сеопфатното стратешко партнерство на Кина и Русија за координација за новата ера.