среда, 27 ноември 2024

Кина го поддржа Иран: Ќе ги одржите мирот и стабилноста во регионот

Кина го поддржува Иран во одбраната на неговиот „суверенитет, безбедност и национално достоинство“, му рекол кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на вршителот на должноста министер за надворешни работи на Иран во телефонски разговор, се наведува во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во телефонски разговор, Ванг ја повтори осудата на Пекинг за атентатот на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија на 31 јули во Техеран. Тој рече дека нападот го нарушува суверенитетот на Иран и ја загрозува регионалната стабилност.

Иран и палестинската исламистичка група Хамас го обвинија Израел дека го извршил нападот во кој загина Ханија. Израел не ја презеде одговорноста за убиството, но не ги отфрли обвинувањата, што ги подгрева стравувањата дека конфликтот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа може да се прошири на поширокиот регион на Блискиот Исток. Иран вети дека „жестоко ќе го казни“ Израел за атентатот.

Ванг му рекол на Али Багери Кани, вршител на должноста министер за надворешни работи на Иран, дека убиството на Ханија „директно го поткопа преговарачкиот процес за прекин на огнот во Газа и го загрози регионалниот мир и стабилност“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

„Кина го поддржува Иран во одбраната на својот суверенитет, безбедност и национално достоинство во согласност со законот, како и во неговите напори за одржување на регионалниот мир и стабилност и е подготвена да одржува блиска комуникација со Иран“, изјави Ванг.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска го назначи Абас Аракчи за министер за надворешни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ