Меѓу првите земји што реагираа беше Кина, а портпаролот на кинеската амбасада во САД одлуката ја нарече долевање масло на огнот.
„Кина се противи на какви било чекори што би можеле да доведат до ескалација на украинскиот конфликт и зголемување на тензиите. Позицијата на Кина за украинската криза е доследна и јасна. Кина е посветена на унапредување на мировните преговори и се противи на какви било чекори што би можеле да доведат до зголемување на тензиите и ескалација на ситуацијата во регионот“, порача амбасадата.
Тие порачаа и дека таквиот потег не придонесува за намалување на тензиите.
„Наместо да долеваат масло на огнот и да поттикнуваат конфликти, релевантните страни треба да се стремат да создадат услови за политичко решение на украинската криза преку дијалог и преговори“, беше соопштено.
Одлуката ја коментираше и претседателот на Венецуела Николас Мадуро.
„Владите на САД, Франција и Велика Британија одобрија употреба на ракети со долг дострел за напад на нашата сестра Русија. Американскиот империјализам влезе во фаза на лудило и одмазда“, рече Мадуро.