сабота, 26 октомври 2024

Киев го обвинува Западот дека седи на две столици

Советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подолјак, го обвини Западот дека „седи на две столици“ поради желбата да го заштити својот пазар од евтината украинска стока, пишува Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Од една страна, вие сте сојузник и мора да ѝ помогнете на Украина. од друга страна, се обидувате да го заштитите својот пазар со протекционизам“, кажа Подолјак.

Односите на Киев и европските сојузници се влошија поради протестите на земјоделците во низа европски земји. Европските фармери се незадоволни од увозот на евтините украински земјоделски производи кои ги преплавија пазарите. Сега, како што наведува Политико, земјите од Европската Унија се поделени околу тоа дали треба да се прошири бесцаринскиот увоз на украински производи, додека Полска и Франција инсистираат на заострување на ограничувањата.

Подолјак смета дека дебатата за тоа дали треба да се вратат ограничувањата кои беа отстранети по почетокот на конфликтот во Украина е недостојна за сојузниците на Киев.

Тој истакна и дека европските земји продолжуваат да тргуваат со Русија и покрај конфликтот.

„Мене тоа ми е чудно. Вие истовремено ја финансирате одбраната на Украина, која се брани од Русија. Вашите компании го финансираат рускиот сојузен буџет, од кои 42 отсто одат директно во војната. Значи, вие сте и тука и таму во исто време“, оцени тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ