сабота, 19 октомври 2024

Кејн за 23 минути постигна хет-трик, Баерн пресилен за Штутгарт (ВИДЕО)

Баерн Минхен со убедливи 4-0 славеше против Штутгарт, Хари Кејн постигна три гола во период од само 23 минути.

Објавено на

часот

Сподели

„Баварците“ остана на врвот на табелата во Бундеслигата, избраниците на Компани вечерва славеа против Штутгарт.

По мирно прво полувреме, Хари Кејн забележа хет-трик во продолжението од мечот.

Напаѓачот со удар од далечина го отвори резултатот, потоа убаво се снајде за 2-0 по еден час игра, а во 80. минута од мечот начека една одбиена топка и рутински ја затресе мрежата на гостите за 3-0.

Во 88. минута, Коман се запиша во листата на стрелци за убедливи 4-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ