среда, 27 ноември 2024

Катерина Шиповиќ по вторпат истрча 246 километри на Спартатлон во Грција

Македонската ултраматаронка Катерина Шиповиќ по вторпат ја истрча патеката од 246 километри од Атина до Спарта на 42. издание на Спартатлон во Грција, која важи за едно од најтешките ултрамаратонски трки во светот.

Објавено на

часот

Сподели

Шиповиќ 246 километри истрча за 34 часа, 29 минути и 53 секунди и го освои 22. место во женска конкуренција, односно 109. место во севкупна конкуренција од 400 учесници од 55 земји.

За неа ова е втор истрчан Спартатлон, првиот подвиг го направи во 2022 година, тогаш патеката од 246 километри ја мина за 34 часа, 36 минути и 12 секунди.

„Спартатлон е трка со посебен дух, кој станува дел од тебе. Иако ја имам истрчано и отидов на веќе познат терен и сигурна во себе, трката ми ја покажа својата бруталност уште во првите километри и ме потсети на причините поради кои е позната. Беше една тешка, но слатка авантура низ која повторно успешно поминавме“, објави Шиповиќ по трката.

Спартатлон, една од 10-те најтешки ултрамаратонски трки во светот каде трчаат најуспешните ултрамаратонци и има временски рок за завршување од 36 часа, учесниците ги носи од Атина до Спарта трасирајќи ја оригиналната патека на Феидипидес, кој во 490 година п.н.е. пред битката кај Маратон бил испратен во Спарта да побара помош во војната меѓу Грците и Персијците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ