недела, 17 ноември 2024

Касами: Албанската опозиција бара лидерска средба и парламентарни и претседателски избори заедно

Лидерот на Движење Беса, која партија заедно со Алтернатива и Демократско движење настапуваат како албанска опозиција, денеска изјави дека бараат одржување на лидерска средба на која ќе се разговара за изборите в година. Нашите партии се подготвени за изборно соочување, рече Касами.

Објавено на

часот

Сподели

Лидерот на Беса рече дека уште од сега се подготвени за избори и очекува одлични резултати доколку изборниот процес биде регуларен.

„Сѐ што води до фер и демократски избори, ние сме подготвени да учествуваме. Во таа насока, повикуваме Владата што поскоро да размисли, да свика лидерска средба за да се постигне договор за терминот за предвремени парламентарни избори“, рече Касами.

Според него, економски е поприфатливо парламентарните и претседателските избори да се одржат заедно.

„Со оглед на економската состојба на државата и трошоците за изборите, инсистираме да има ист  термин за парламентарните и претседателските избори, бидејќи и редовните термини се блиски и проценуваме дека не треба да се прават дополнителни трошоци“, рече Касами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ